Во организација на домот на културата ,,Драги Тозија” вечерва во ресенскиот Сарај ќе бидат доделени наградите од литературниот конкурс ,,Волшебниот свет на книгата”.
Конкурсот, на кој пристигнаа 60-тина шифрирани творби, поезија и проза, беше распишан од Ресенската библиотека по повод Светскиот ден на книгата – 23 април. На настанот, како што соопшти организаторот, ќе бидат наградени и највозрасните редовни читатели при библиотеката.
Ќе настапат и млади локални автори со своите дела. Ева Ристевска, со ликовни записи и промоција на својата последна книга ,,Звукот на тишината”, Анастасија Радевска и Нина Велиновска со изложени ликовни дела, како и групата ,,Инстинкт” со дел од своите нумери, информира Домот на културата.
Свеченоста ќе се одржи под строги протоколи за заштита на населението од Ковид – 19. Организаторот апелира посетителите да држат соодветно растојание, да носат заштитна маска и редовно да се дезинфицираат.