Размена САД-Балкан: Лабораторија за споделување практики и дискурси“

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во периодот од 28-ми до 30-ти октомври, во Младинскиот културен центар во Скопје, организира предавање и лабараторија со гости од САД како дел од проектот „Општествено-политичко делување на современиот танц. Размена
САД-Балкан: Лабораторија за споделување практики и дискурси“.
Главна цел на проектот е да го истражи современиот танц на пресекот со
политичкото и да ја засили свеста за општествено-политичкото делување на
уметниците и нивната практика. Современиот танц и перформансот имаат потенцијал да артикулираат критички гестови кон општествените и
политичките структури и апарати, како една од симболичните уметности на
современоста (André Lepecki, Dance as a Practice of Contemporaneity
[Андре Лепеки, Танцот како практика на современоста]). Овој потенцијал
уметниците го користат како алатка за критички пристап кон општествените
и политичките прашања, за изразување лични ставови за чувствителни
општествени и политички теми. Проектот ги истражува уметничките
стратегии во современиот танц за конституирање на граѓанскиот домен во општеството, каде што критиката би можела да произлезе само надвор од
организираниот поредок на граѓанските структури на организација и
контрола (Pascal Gielen, Artistic Constituts of the Civil Domain: On
Art, Education and Democracy [Паскал Гилен, Уметнички конституции на
граѓанскиот домен: За уметноста, образованието и демократијата]).
Првиот дел од проектот се реализира последователно во Софија, Белград и
Скопје, каде кореографите и танцовите уметници Кети Вествотер и Андрос
Зинс-Браун, како и уметникот и теоретичар Томас ДеФранц, работат со
локалните заедници во секој град.
Преку лабораторијата за споделување практики и дискурси, уметници,
теоретичари, куратори од САД, Северна Македонија, Бугарија, Србија се
фокусираат на нивната работа преку перспективата на нејзината инхерентна
политичност со цел да го зајакнат своето уметничко и граѓанско делување
– свесно да учествуваат во заедничкото живеење – а, со тоа и да инспирираат таков однос во јавноста. Уметниците ќе ги споделуваат своите
дела, размислувања, практики, искуства од/со современиот танц приоѓајќи му низ перспективата на неговиот општествено-политички потенцијал, земајќи како појдовна точка одреден проект на кој работат.
Вториот дел ќе се одржи во мај 2023 година кога уметници, куратори,
теоретичари од Бугарија, Србија и Северна Македонија ќе отпатуваат во
Њујорк за да работат заедно со нивните американски колеги во рамки на
еднонеделна лабораторија – резиденција во The Chocolate Factory Theater.
Тие исто така ќе имаат можност да присуствуваат на часови и работилници
во Movement Research. На лабараторијата во Скопје, македонски учесници се танцовите уметници и кореографи Викторија Илиоска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев и Теодора
Ежовска како и програмската директорка на Локомотива, Скопје и кураторка Биљана Тануровска-Ќулавковски.
На 28-ми октомври со почеток во 19:00 часот ќе имаме можност да го
следиме и отвореното предавање на истражувачот, уметник, кореограф и
уметнички директор на SLIPPAGE: Performance| Culture| Technology – Томас
Ф. ДеФранц: „Замаглена позадина: Црниот перформанс како политичка
онтологија“ („Blurring the Background: Black Performance as Political
Ontology”).
Црниот перформанс (Black Performance) пристигнува како онтолошки
јазол/нулта точка на танцот како политика. Се разбира, како што Black
Performance се појавува во искушението на капиталот и отфрленоточовештво, танците поттикнати во формирањето на Black life и Black thought неизбежно се составен дел на политичкoto делување и политичкото обраќање. Ова предавање ја потврдува централноста на Black Performance не како политичка онтологија, туку материјата и иманентноста на самата политичка онтологија. Двојната врска на “black performance” како отворање на современите глобални политички формации се разгледува заедно
со прашањата за естетска вредност, вештина, пракса и експертиза.
***
Учесници од САД:
Томас Ф. ДеФранц е директор на SLIPPAGE: Performance|Culture|Technology,
група која се фокусира на интерфејси за обработка во живо, распоредени
во интерес на театарското раскажување приказни. ДеФранц ги составува
уметниците во формации за да ги истражи темите на социјалната можност во театарски претстави, симпозиуми, работилници и проекти за објавување.
ДеФранц ја доби наградата за извонредно истражување во танцот за 2017 година од Dance Studies Association и придонесе со концепт и глас за постојана инсталација за Black Social Dance во Националниот музеј за
афроамериканска историја и култура Смитсонијан. ДеФранц постојано
размислува заедно со други уметници, во формации American Dance
Festival, Movement Research, ImPulsTanz, Ponderosa, New Waves Dance
Institute, како и MIT, Stanford, Yale, NYU, Hampshire College, the
University of the Arts, Duke, Northwestern University и University of
Nice. ДеФранц компонира музика, дизајнира звучни пејзажи, пишува
интерфејс код, танцува, создава текстови и се прашува како би можеле да
се собереме преку уметноста како регистар на можности и експертиза.
ДеФранц верува во нашиот заеднички капацитет да работиме подобро и да го
ангажираме нашиот креативен дух за колективно добро што е
антирасистичко, прото-феминистичко и квир афирмирање.
Кети Вествотер како кореограф се занимава со радикални танцови форми од 1996 година. Нејзината работа одговара на општествениот пејзаж во кој и се манифестира, често земајќи ги нашите најпредизвикувачки искуства,
како што е болката, на пример во нејзиното дело Rambler, Worlds Worlds A
Part (2019) номинирано за наградата Беси. Преку други значајни дела таа
ги истражува изградените средини на споменици (Anywhere, 2016) и депонии
и паркови (PARK, 2008-во тек); војна и болка (Macho, 2008); вкрстувања
на човечка и животинска култура (twisted, tack, broken, 2005);
психофизички состојби на страв (Dark Matter 2002); и интерактивни
виртуелни средини (The Fortune Cookie Dance, 1999). Во август оваа
година, таа премиерно ја претстави својата прва галериска изложба –
збирка дела произлезени од речиси петнаесетгодишното кореографско
истражување на локацијата на “Fresh Kills Landfill”. Изложбата е телесен
чин на процесирање и ремедијација на еколошката траума, тага и сложеност. Вествотер е добитник на наградата Соланж Мекартур за нова кореографија во 2017 година, првата жена што ја добила наградата. Таа е родена во Вирџинија, пораснала во Кентаки и живее во Бронкс, Њујорк. Андрос Зинс-Браун (1981 година, Њујорк) е уметник кој работи на пресекот на перформансот и танцот. Неговата работа ги проширува кореографските поими за да комуницира со танчери, нетанчери, пејачи, предмети и
текстови. Централно место во овие определби е истражувањето на телото и
како материјално и како нематеријално, место на размена помеѓу
отелотворените слики и соматското искуство. Помеѓу неговите дела се
вбројува Already Unmade – разоткривање на неговата сопствена
кореографска архива – (ICA, Лондон; The Whitney Museum of American Art,
Њујорк; Rockbund Art Museum, Шангај; и Fondation Galeries Lafayette,
Париз). Во текот на изминатите неколку години, тој исто така создадени
ремикси на постоечки дела: Jérôme Bel, 1995, 2020 (e-Flux и KADIST
Foundation); и со кореографот Вил Роулс- See-Saw од кореографот Симон
Форти (The Museum of Modern Art, Њујорк); како и The Tony Cokes Remixes
(10-то Берлинско биенале). Во соработка со уметникот Картик Пандиан е
делото Atlas Unlimited – серија изложби кои ги испреплетуваат приказните
за миграциското движење, уништувањето и реконструкцијата преку скулптурата и вокалната изведба, прикажани на биеналето PERFORMA19
Performance, Њујорк. Во 2021 година, неговото дело беше нарачано од
Danspace Project и Triple Canopy. Во 2022 година, заедно со Холанд
Ендрјус, Елејн Карбери, Лорен Дејвис Фишер и Џесика Кени, тој премиерно
го претстави делото color a body who flees, звучна инсталација и изведби
(Hammer Museum, Лос Анџелес). Во моментов работи на делото Dance
History(s): Imagination as a Form of Study, иницирана од кореографката
Ени-Б Парсон, кое ќе биде објавена од Dancing Foxes Press на почетокот
на 2023 година. Зинс-Браун е добитник на грантови и награди од Гете
институтот , фламанското Министерство за култура, NYSCA и Фондацијата Греам за напредни студии во ликовната уметност.
***
Интернационалниот проект „Општествено-политичко делување на современиот
танц. Размена САД-Балкан: Лабораторија за споделување практики и дискурси“ e во организација на The Chocolate Factory Theatе (Њујорк),
New Dramaturgies Platform (Софија), Локомотива – Центар за нови
иницијативи во уметноста и културата (Скопје), Stanica/Station Service
for contemporary dance (Белград) и Movement Research Inc. (Њујорк) а во
Скопје се спроведува со финансиска поддршка од Trust for Mutual Understanding (TMU) и Министерството за култура на Република Северна
Македонија, во партнерство со Младински културен центар Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.