На 30 август 2022, во 18.00 часот, во објектот Чифте амам ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“, на која заинтересираната публика ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации.
Истовреме сакаме ќе зборува и за неговиот најнов филм, снимен во Поштата во Скопје, дел од „Трилогијата: Животните: Си било некогаш… во денешно време“, насловено „Светулката продолжува да свети, змијата продолжува да расте“ (2022). Филмот е изведен во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија и Машинскиот факултет од Скопје.
Филмот е нарачан од Манифеста 14, а продуциран од Фондацијата Between Art Film.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.