Промовирана монографијата за Ристо Стефановски

Во Драмски театар Скопје, вчера, 27 Март 2024 година, се промовираше „Монографијата Ристо Стефановски“, основачот на Драмски театар. Промоторка беше Искра Гешовска теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ- Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите прочитаа делови од книгата.

Со ова се му оддаде посебна почит на основачот Борче Стефановски.

-Зошто никој до сега не се одважи да му оддаде симболична почит, да даде мало катче на незаборав во рамките на Драмски театар, можаме да претпоставуваме. Можеби е само немарност во прашање. Можеби, безидејност, не знам. За мене не е од пресудно значење зошто, за мене беше од пресудно значење кога. Идејата ја имав уште во 2018 година, но поради сплет на околности не успеав да ја реализирам. Во првиот миг кога се отвори простор за реализација, предлогот беше ставен на маса и прифатен од страна на членовите на Уметничкиот совет и Управниот одбор на Драмски театар Скопје“, изјави Викторија Рангелова, директорката на Драмски театар Скопје, на прашањето зошто се чекаше досега за да му се оддаде почит на основачот на Драмски театар Скопје.

НУ Драмски Театар Скопје е театарска институција која зад себе има 70 години успешна театарска дејност. Театарот својата препознатливост на модерен/иновативен театар му ја должи на Ристе Стефановски, кој технички и уметнички го реорганизира (оформува две засебни сцени и тоа Младинската и детската сцена, додека во годината 1960, започнува со работа и вечерната сцена).

Денес, ДТС располага со две сцени, голема сцена (со капацитет од 357 седишта) и мала сцена (со капацитет од 100 седишта). Посетеноста на годишно ниво е повеќе од 40.000 гледачи, пренесува порталот trn.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.