1 декември 2022
Синоќа во “Кино Манаки” ЈОУ КИЦ Битола, со се одржа промоција на документарниот филм “Битола, метох на духовноста”.
Некогаш позната како град Манастир со стотици цркви, Битола и битолско се уште се духовен центар чии темели се длабоко вкопани во ранохристијанските базилики, цркви и манастири. Освен што се културолошки споменици, битолските цркви и манастири заради активниот литургиски живот се и цврст духовен бедем на православието. Ова се потврдува и со фактот што токму тука живееле повеќе православни светители. Битола била и продолжува да е метох на духовноста.
Проектот е поддржан од Општина.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.