Промовиран четвртиот Славишки зборник посветен на Осмалискиот период во Кривопаланечко

1

21.09.2024

Четвртото издание на стручното музејско списание „Славишки зборник“ на Локалната установа Градски мзуеј Крива Паланка денес беше промовирано во големата сала на општината.
Изданието посветено на Кривопаланечкиот регион (Славиште) во времето на доминација на Османската империја, периодот од 15 до 19 век, 15-19 век), го промовираше академик Драги Ѓоргиев, османлист.
„Навистина се ретки публикациите и изданијата за историјата на Балканските простори за времето на османлиската доминација. Овој зборник на Градскиот музеј на Крива Паланка претставува вистинско освежување како научно издание во тој поглед, бидејќи се третира историја од 15 до 19 век, целокупното османлиско присуство овде, преку различни теми и учесници од неколку држави, што му дава посебна тежина на самиот зборник. Уште позначајно е што има текстови базирани на новооткриени документи што даваат една сосема нова слика и претстава, првин за тврдината на Крива Паланка, а потем и за самата населба на Крива Паланка, со што претставува една извонредна публикација за градот за многу поширок простор, би рекол со Балканско значење, рече професорот Георгиев.
“Славишки зборник- 4” содржи 16 стручни трудови, резултат на меѓународната конференција одржана минатата година во Крива Паланка, на која учествуваа реномирани истражувачи- османлисти, како и историчари, историчари на уметност и етнолози од Македонија, Бугарија, Србија, Турција и Косово.
„Изданието е дел од проектот “Вие освојувачите- Крива Паланка во времето на Отоманската империја- II”, финансиран од ГПФП од национален интерес во културата 2023 година“, информира Драган Величковски, директор на Градскиот музеј од Крива Паланка.
Настанот е дел од манифестацијата “Крива Паланка- Град на културата”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.