“Осврти- рефлекси, илуминации и реминисценции“ од Виолета Калиќ ќе биде промовирана во Виена

8

Промоција на книгата „Осврти– Рефлекси, илуминации и реминисценции“ од авторот Виолета Калиќ и на дела застапени во книгата како Мултикултурна изложба на уметници од Р. Северна Македонија, ќе се одржи на 19 септември 2024 година во 19:00 ч. во изложбениот простор на Амбасадата на Република Северна Македонија, во Виена.

Меѓу учесниците на мултикултурната изложба во Амбасадата на РС Македонија во Виена, по повод промоцијата на книгата “Осврти – Илуминации, Рефлексии, реминисценции од авторот Виолета Калиќ се бројни истакнати уметници , професори од различни универзитети, учесници во бројни проекти и добитници на бројни награди и признаниа во земјата и надвор и претставници од повеќе генерации,кои ќе се претстават со избор дела од кои се поголем дел застапени и во книгата Осврти од историчарката на уметноста Виолета Калиќ.

Публиката ќе има можност по овој повод да ги види делата на: Љубе Алексовски, Андријана Андреева, Решат Ахмети, Сашо Ацковски, Драган Биков, Љупчо Бојаров, м-р Борјана Божиновска Ѓоргиевска, Сашо Блажески, м-р Влахо Бранѓолица, Ивона Велковска, Гордана Винчиќ, м-р Мирко Вујисиќ, м-р Жаклина Глигориевска Кочоска, Стефан Димовски, Горјан Ѓоргиев, Зулејха Али Зубери, м-р Ана Ивановска, м-р Јана Јакимовска, м-р Зоран Јакимовски, м-р Стефан Јакимовски, м-р Петра Јовановска,Гордана Квајо (Р Хрватска), м-р Маја Кировска, Билгаиб Кочишта Биге, Џулијан Кроу (Велика Британија), Росица Лазеска, Игор Љубовчевски Љубац, д-р Јана Манева Чуповска, Мирослав Масин, м-р Наташа Милованчев, м-р Шќипе Мехмети, Дубравко Наумов, Верина Николова (Франција), Маја Николовска, м-р Евгениј Пантев, м-р Ирена Паскали, (Германија), м-р Наталија Пулејкова Радевска, м-р Жанета Радевска Спировска, м-р Весна Радишиќ Ацковска, Моника Радхоф Трол (од Германија), д-р Александар Рашковиќ, д-р Маја Рауник Кирков, м-р Александра Ристовска Петрушевска, м-р Марија Светиева, Марија Смилевска, д-р Дита Старова Ќерими, Ангелка Стоиљковиќ, м-р Маја Танева, м-р Славица Танеска, Александара Таневски, м-р Емилија и д-р Стојче Тоциновски, д-р Игор Поп Трајков, Аннели ди Франсоа (од Финска), м-р Дарко Христов, Академик проф д-р Фехим Хусковиќ, м-р Тони Шулајковски…

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.