Промоција на Славишки зборник посветен на Кривопаланечкиот регион во времето на Османлиската Империја (15-19 век)

7

Академик Драги Ѓоргиев ќе биде промотор на најновото стручно музејско списание „Славишки зборник „ што го издава ЛУ Градски музеј Крива Паланка, а кое е посветено на Кривопаланечкиот регион во времето на Османлиската Империја (15-19 век).

Промоцијата ќе се одржи утре, петок, 20 септември 2024 година, со почеток во 12,30 часот , во големата сала на Општина Крива Паланка.

„Во ова 4-то издание на Славишки зборник ќе бидат претставени 20-тина трудови со нови стручни и научни моменти поврзани со административната, воена и цивилна управа на регионот Славиште/Кривопаланечко и соседните региони. Овие трудови се резултат на меѓународната конференцијата што се одржа минатата година во Крива Паланка, а на која учествуваа реномирани истражувачи – османлисти, како и историчари, историчари на уметност и етнолози од Македонија, Бугарија, Србија, Турција и Косово, истакнува Драган Величковски, директор на Градскиот музеј од Крива Паланка.

Во зборникот се поместени истражувања за формирањето на военото утврдување ЕГРИ ДЕРЕ, народностниот и етнички состав на населението, јазикот, верските традиции, стопанството и економијата, вооружениот отпор и востанија, како и националната и духовна преродба во овој историски период.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.