Утре, напладне, 8.08.2024 година, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирано најновото поетско дело на Оливера Јовановска „Секојдневниот ореол“.
Промотор ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска.
Стихови ќе читаат Софија Милеска и Христијан Јовановски.
Оливера Јовановска е родена на 21 јули 1970 година во Битола, Македонија. Таа е македонска и австралиска поетеса која во далечната 1986 година се пресели да живее во Австралија. Таму се здобива со диплома за администрација и бизнис менаџмент, кој се главен фактор за нејзино успешно менаџирање бизнис за здрава храна. Моментално поголем дел од времето го минува во Скопје, Македонија.
Автор е на збирките поезија „Неостварена љубов” (2020), „Магични љубовни зборови” (2021), „Одмрзнати чувства” (2022) „Слушни го срцето” (2023), „Време безвремено” (2023), ,, Секојдневниот ореол“ (2024), ,,Примабалерина“ (2024), Хаику поезија ,,Бисерно клопче“ (2024), збирката раскази „Талкање низ соништата” (2024), како и збирката раскази за деца ,,Чувај го детето во себе“ (2024). Јовановска е автор и на романот „Лавиринт на Вистината” (2021), кој е издаден на англиски, албански и руски јазик. Застапена е со поезија и проза во повеќе зборници и антологии во Македонија.
Член е на МЛД „Григор Прличев” од Сиднеј и на МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн, исто така е член и на фондацијата ,,Такец“ од Битола.
Оливера Јовановска повеќепати е наградувана за поезија и проза во Австралија и Македонија. Некои од нејзините песни се изведувани од познати македонски интерпретатори, така што нејзините стихови се слушнати и на неколку фестивали.
Промоција на „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.