Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во Софија

На 19 декември (вторник) 2023 од 18.30 часот, во галеријата на Културно- информативниот центар на Република Северна Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски.
Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја?
Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци.
Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница.
Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето.
Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.