Извадок од Естер Ихаз:
“Сите мигови поминати,
врежани во секоја мала ситница,
втисната какo параф, како печат за потврда,
како капка вода на дланка расипана,
воздух низ прозорец влезен,
китка чај истискана,
јас сум …”
Стиховите ќе бидат изведени во вид на пиеса од младите актери Мики Јаневски (како Зеид Арман) и Симона Атанасовска ( како Естер Ихаз) , по сценарио на Ана Љубиќ (со ментор Оливера Доцевска), во режија на Тони и Кристина Станковски.Промотори на книгата се доајенката на македонскиот и Кумановскиот театар, актерката Кети Дончевска Илиќ и новинарката Јасмина Тодоровска.
Авторката, поетесата Оливера Доцевска дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Правен факултет, правни студии, казнено правна и меѓународно правна група. Работи како адвокат, во Скопје. Кандидат е за Мастер студии Дипломатија и меѓународни односи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Правен факултет, политички студии.
Таа е поетеса, активист за човекови права, есеист, колумнист, приредувач и преведувач, уредник на нејзиниот портал за општество и култура budnost.mk.
Од 2012 година член е на Друштво на писатели на Македонија – ДПМ, а од 2014 – 2018 година е претседател на статутарна комисија на ДПМ воедно и член на Собраниски одбор на ДПМ.
Нејзиното книжевно творештво опфаќа повеќе дела поезија и проза, колумни, есеи, преводи, приредени антологии и збирки поезија, преведена е на повеќе јазици и добитник на неколку награди за поезија.