Програма на 46. МОТ за недела, 5 декември

5 декември (недела)

Три / АТО, Битола
режија: Јован Ристовски
време: 13:00 / локација: МКЦ, сала Фросина

Прва професионална детска претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица. Во претставата актерите зборуваат говорно и паралелно на знаковен јазик. Наменета е за широката детска публика. Претставата е со дидактички карактер во кој децата во интеракција со актерите ја изучуваат азбуката на знаковниот јазик. Главната тема е современата еко-катастрофа, која ѝ се заканува на нашата планета. Трите самовили Розе, Лила и Синка, кои ја совладуваат јазичната бариера помеѓу јазикот на тишината и говорниот јазик на Sвонко Бонбонко се спријателуваат и заедно се обидуваат да го исчистат расфрланото ѓубре што го има насекаде. Нивната мисија е да го сортираат ѓубрето и да го складираат во соодветните корпи за рециклирање отпадок со цел за да живееме во здрава средина со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста земја за одгледување здрава храна.

Шапка, анус, чоколадо и уште нешто / Златен Елец, Спам студиос
режија: Ана Батева
време: 20:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај

И дојде ден кога човекот сфати дека животот одамна не е како на филм. Тој ден човек беше принуден да се соочи со реалноста, да ја прегрне лагата за неговиот живот и да продолжи напред. Тој ден човек ги прифати сите негови стравови и со насмевка се соочи со смртта. Тогаш се препушти на инстинктите и даде старт на нов свет, со свои правила и принципи. Тогаш смислата доби ново значење, а волјата за живот стана водилка. Така група артисти се качија на сцената и со песна и хумор му се спротивставија на апсурдот.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.