Продолжен е рокот за достава на дела за наградата „Мост“ на ДПМ за 2023 година

Рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела).
-Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели.
За наградата „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади, како и книги со книжевна критика и есеистика. За учество, потребно е до ДПМ да биде доставено делото испечатено на изворниот јазик, како и превод/препев на дел од делото. Конкретно, треба да се достават најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади). Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј, итн.), да бидат извадени од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани на македонски јазик, велат од ДПМ.
За наградата мост можат да конкурираат сите активни членови на ДПМ, кои ги имаат подмирено своите членарини во Друштвото.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.