Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, во Народниот театар, се одржа литературниот настан „Книжевен портрет на Ефтим Клетников, македонскиот поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач. На присутните љубитељи на убавиот пишан збор, преку осврт на директорот на ЈОУ Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски и македонистот Пепи Стамков, читање на биографијата од страна на модераторката Емилија Старделова и рецитирање стихови од страна на Петар Јанчев, им се претстави долгогодишното творештво и придонесот на Ефтим Клетников во современата македонска литература. „Книжевниот портрет на Ефтим Клетников“ беше збогатен со звуците од гитарата и укулелето и вокалот на Теодора Гошева Капсарова- Теда.
Клетников не го криеше своето задоволство што се претстави во Гевгелија, бидејќи градот, рече тој, има една посебна медитеранска лиричност, убави пејсажи, а забележителна е на секој чекор благата и гостопримлива душа на гевгелискиот човек.
Јас сум, истакна Клетников, пред се поет, но се восхитувам и на музиката и сликарството, бидејќи тие се трите грации на уметноста. Можеби, денес не е поетско време, поради лошите настани што се случуваат во светот и кај нас, но затоа пак верувам во движечката сила на уметникот е да создава убавина од болката, како што школката ја надминува својата болка која и ја предизвикува каменот во неа, токму со тоа што лачи материја од која го создава бисерот, рече Клетников.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.