(Како личната одговорност води кон колективно лекување)
• Датум: 12 ноември 2024
• Локација: КСП Јадро
• Почеток: 20:00 часот
На 12 ноември 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во КСП Јадро ќе се одржи премиерата на „Панталоните,“ краток уметнички филм од мултидисциплинарниот уметник Крсто Глигорјадис. Преку ритуалот на облекувањето панталони, овој филм го истражува патот кон преземање лична и колективна одговорност – суштината на човекот потребна на ова општество.
„Кога ќе направиме чекор назад и започнеме сами да ги переме своите панталони, преземајќи одговорност за своите постапки, тогаш се раѓа човекот без црвени граници кој му е потребен на овој систем,“ вели Глигорјадис, симболично реферирајќи на тоа дека личното преземање одговорност е клучно за колективно лекување.
Во „Панталоните,“ Глигорјадис ги отвора прашањата на машкоста преку истражување на т.н. „breeching“ церемонија од минатото, моментот кога момчињата за првпат облекувале панталони како симбол на влегување во зрелоста и машкоста.
Филмот прашува: Што значи да се облечат панталони за првпат? Кој ја предава машкоста? Колку долго трае? Дали постои криза на машкоста денес? Дали чувствуваме срам или страв да бидеме мажи?
Овие прашања се дел од поголемата тема за тоа како поединците, преземајќи лична одговорност, може да поттикнат позитивна промена во заедницата.
Автор и изведувач: Крсто Глигорјадис
Ко-автор и директор на фотографија: Стефан Божаров
Дизајн на звук: Ѓорѓи Трпковски
Дизајн на костимографија: Магдалена Таневска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.