На 10 декември 2024 година, во Друштвото на писателите на Македонија писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска ќе одржи интерактивно предавање со наслов „Да пишуваме за театар!“.
„Затоа за мене театарот е најубавата уметност –“, забележува Ана Стојаноска, „трае како и животот- миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување. Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното- македонските прилики на театарските рецепции овде и сега.“
Предавањето е од отворен карактер и влезот е слободен за сите љубители на штиците што живот значат.