Охрид, 11 мај 2024
Во текот на февруари Амбасадата на Република Полска во Скопје на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Полска на полица“ и’ донира 53 наслови по еден примерок актуелни преводи на книги од полски автори на македонски јазик.
Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:
-Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција. Читателите ги очекуваат симболични сувенири.
По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите:
Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор
И Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката
во која ќе биде изработен цртежот е по желба).
Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата:
[email protected] до 10 јуни 2024 г.
Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г.
Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите.
Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници следуваат мали сувенири.
Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и библиотеките.
Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите.
Да читаме полска литература!
Охридската библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник сите наслови ќе им стојат на располагање на читателите, а на својата веб и Фејсбук страница библиотеката ќе ги објави сите 53 наслови за читателите да можат да одберат и секој работен ден на Фејсбук страницата на библиотеката ќе бидат споделувани по два наслови од полски автори.