Галерија “Ко- Ра”: Со поезија и изложба се славеше Жената!

На 8.03.2025 во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје е одбележан меѓународниот Ден на жените, 8 март со поетско читање во големиот салон на Галерија „Ко- Ра“. На поетското читање учествуваа преку триесеттина поети, писатели, преведувачи и други учесници, како дел од мултимедијалниот проект кој ги обединува уметностите, насловен „ Жените од светот низ историјата“ -“Жената симбол и инспирација“.

Проектот е и мултимедијален и мултикултурен, со учество на бројни поети, ликовни уметници – сликари, скулптори, графичари, фотографи, модни дизајнери…

Свеченото отворање на овој традиционален мултимедијален проект, се одржа на 7 март со настап на хорот ХМД „Кочо Рацин“- Скопје и со отворање на групната мултимедијална изложба „ Жените од светот низ историјата“ -“Жената симбол и инспирација“ со учество на четириесеттина учесници, меѓу кои и истакнати ликовни уметници и други наградувани автори.

Куратор на проектот е Виолета Калиќ, а модератор на Поетското читање е Елеонора Николовска.

Со интерпретација на свои поетски стихови, како и со перформанси настапија: Лилјана Стоилковска, проф Д-р Виолета Ачковска, Лидија Лучко Јеремиќ, Д-р Игор Поп Трајков, Соња Манасиевска Конеска, Андрија Дојчиноски, Александар Таневски, Елеонора Николовска, Алмира Папиќ, Виолета Наумовска, Оливера Јовановска, Валентина Ѓоргиевска Парго, Дијана Крстевска, Борислава Јовановска, Ивана Глоѓуноска, Викторија Македонска, Марија Прличкова Нешовска, Викторија Велева, Чедомир Шопкиќ, Јован Мазгански, Проф Д-р Ванѓа Радевска, Зинка Трендовска, Викторија Кочевска, Дијана Крстевска, Татјана Томовска, Силвана Крстовска, Виолета Јовановска, Елизабета Павловска, Рената Максимова, Анастасија Анѓеловска, Љиљана Тричковиќ, Ѓоре Ѓелев…

Дизајн на плакатите и поканите за двата настани, м-р Билјана Билбилоска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.