Центар за социјални иновации БЛИНК 42-1 информира за Европскиот филмски предизвик кој е отворен до 29 јануари 2023 година и победникот ќе го однесе на Берлинскиот филмски фестивал.
Предизвикот е во тек на 10 недели да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали, телевизија или на легални онлајн платформи за што се добиваат различен број на поени.
Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ заедно со европски партнери во 13 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија.
Тие најавуваат :
-Почнува Европскиот филмски предизвик кој победникот го носи на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин Трета година по ред во земјава се организира Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) кој трае од 21 ноември до 29 јануари и на кој најпосветениот гледач на европски филмови ќе биде награден со патување на реномираниот филмски фестивал „Берлинале“. Предизвикот е во тек на 10 недели да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали, телевизија или на легални онлајн платформи за што се добиваат различен број на поени. Овогодинешниот предизвик е и поддршка на македонскитефилмови кои од оваа есен се на репертоарите во кината, па затоа во предизвикот сите тие ќе се вреднуваат со дополнителни 10 поени кои на филмофилите им носат поголеми шанси за победа во предизвикот.
Првиот чекор за да се учествува на натпреварот е секој заинтересиран да се
регистрира на официјалната веб-страница
https://europeanfilmchallenge.eu/mk/login за што е потребно да има најмалку 18
години. Понатаму учесникот треба да изгледа 10 филмови кои ќе ги внесе на
својот профил и за секој филм да го „прикачи“ насловот заедно со фотографија
што докажува дека го гледал филмот и да го наведе местото или платформата на
која го гледал. Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални
иновации „Блинк 42 – 21“ заедно со европски партнери во 13 држави преку
поддршка на програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска
индустрија.
– Проектите низ кои ги шириме гледиштата, се едуцираме и излегуваме од сопствените граници се од исклучително значење за нас како организација. Ова е веќе трета година како го реализираме Европскиот филмски предизвик и семејството на посветени филмофили и ентузијасти околу европската кинематографија исто така полека, стабилно и сигурно се зголемува. Културата и културните навики на граѓаните се одраз и за еманципираноста на една земја, но сето тоа е континуиран процес. Само еден од нашите проекти во таа насока е предизвикот и се надеваме дека како и досега ќе продолжи да расте – велат од„Блинк 42-21“.
European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, препораки и ексклузивен пристап до филмови и фестивали.
Сите детали околу бодувањето и правилата може да се прочитаат на следниот линк https://europeanfilmchallenge.eu/mk/terms