Почна снимањето на филмот Nosila je rubac črleni“- („Таа носеше црно марамче“)

Денеска во Хрватска почна снимањето на филмот „Nosila je rubac črleni“, („Таа носеше црно марамче“)  хрватско-македонска копродукција во режија на Горан Дукиќ.

Ова е прв проект каде Македонија се јавува во улога на копродуцент за кој е најавено почнување на продукцијата овој месец, по неколкумесечната стагнација која беше предизвикана поради ковид -19.

Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.

Филмот е во продукција на Швенк (Хрватска), а македонски ко-продуцент е Вертиго Висуал.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.