Скопје, 19 декември 2024 година
Германската инспиративна приказна за 11-годишната Мона, „Победници“ во режија на Солин Јусеф и оваа недела ќе се прикажува во Кино Милениум.
Од 19. до 25. декември, филмот ќе се прикажува во работни денови со почеток од 18
часот и за викенд од 16 часот. Дополнително, денеска филмот ќе се прикажува и во Кино
Манаки во Битола со почеток од 19 часот.
Мона и нејзиното семејство од курдско потекло, кои пребегнале од Сирија во Берлин. Во овој нов свет, сè е поинаку, а Мона копнее по својот дом, своите другарчиња од уличниот
фудбал и по тетка ѝ Хелин. Кога еден посветен наставник го препознава нејзиниот
извонреден талент за фудбал и ја избира за женскиот тим, предизвиците се зголемуваат.
Мона брзо добива етикета на аутсајдер, што ја отежнува нејзината интеграција во тимот.
Но, како што секоја девојка се соочува со сопствените битки, станува јасно дека
вистинскиот успех може да се постигне само ако играат заедно, како тим.
Филмот беше премиерно прикажан на 16 февруари 2024 година на Берлинскиот
меѓународен филмски фестивал, во програмата Generation K+ како филм за отворање, а македонската премиера ја имаше на 12 декември 2024 година.
Филмот веќе ги освои срцата на публиката и стручните жирија, а во 2024 година ја доби
наградата за Најдобар детски филм на Германските филмски награди.
Со трогателна приказна, силна порака и универзални вредности, „Победници“ е филм кој  инспирира, ги надминува културните граници и ги истакнува моќта на тимската работа и пријателството.
Дистрибутер на филмот е Катавеј од Скопје, со поддршка од German Films.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.