15 јули 2024
На петтиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:
19:30 Beyond the blue border dir. Sarah Neumann (OC) кино Фросина
Филмска адаптација на книгата за млада група пријатели што сакаат да побегнат од ГДР, која главно се потопува во стари слики.
20:00 The Battle of river Neretva – 164’ Кинотека внатре
Еден од најгледаните и најскапите филмови на сите времиња во Југославија. Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар странски филм, а плакатот за филмот го изработи еден од најголемите сликари на 20 век, Пабло Пикасо.
20:30 The Walk dir. Eleonora Veninova (MK Short) МКЦ парк
Девојче и нејзината придружничка шетаат и разговараат за животот и што се случува по него.
20:30 Observing dir. Janez Burger (MK/EU) МКЦ парк
Јанез Бургер го меша ужасот на реалниот свет со жанровски пристап со цел да покрене прашања за етиката и вината.
21:30 The Dreamers dir. Vladimir Petrovic (Ssc) кино Фросина
Во време на комунистичка Југославија и во време кога „електричната“ музика била проблем за „чуварите на јавниот морал“, зашто ширела дух на побуна, четири тинејџерки основаат бенд и ја освојуваат музичката сцена на бивша СФРЈ, рамо до рамо со машките бендови.
21:30 The Substance dir Coralie Fargeat (G) Кинотека надвор
Супстанција е осуда на холивудската опсесија со младоста, но истражува подлабоко, создавајќи богат лик со симпатична дилема.
22:30 78 days dir. Emilija Gasic (SEE) МКЦ парк
Филмот го документира животот за време на НАТО бомбардирањето на Србија пролетта 1999 година. Ги раскажува приказните за луѓето, кои се обидуваат да го одржат секојдневниот живот во време на војна.
23:00 SIZ (koncert) МКЦ парк
СИЗ – power duo кое понекогаш мутира во трио. Типичен доказ дека самоуправувањето функционира! Бенд што најдобро го опишува маркантниот Џон Роб: Тоа е возбудлив енергичен судир на рифови, како самоувереноста на Џон Спенсер, сервиран преку инвентивната гитарска расправија на Fire Engines, тоа е фри џез, тоа е панк рок, тоа е фанк… Ова не е опција за мрзлив ноиз, туку високо интелигентен судир на рифови, кои звучат како оној остар и аголен британски постпанк. СИЗ гради храбра нова иднина од реликвиите на постпанкот и звучи крајно воодушевувачки и откачено.
Ова е музика на која танцувате и музика што ве тера да размислувате. Нема мрзеливи моменти. Ова е музика соголена до коска и експлодира од идеи. Нивните рифови ги прават да звучат како бендот за кој сонува Domino Records секоја вечер или за кои Франц Фердинанд би ги заменил сите нивни големи хитови или за кои Fire Engines би се вратиле од музичкиот гроб.
Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.