На 12-ти (среда) и четврток 13-ти јануари по повод празникот Василица ќе се одржи традиционалниот концерт во Националната опера и балет.
Под диригенската палка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ и учество на хорот и оркестарот на НОБ, на концертот „Viva l’Opera“ ќе се изведуваат арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман и Лехар.
Билети и повеќе информации може да се пронајдат тука.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.