Вечерва со танчари од Кина ќе се затвори 15-тото издание на „Танц-фест“

Петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот „Танц-фест“ ќе биде затворено, вечерва  на големата сцена на Македонскиот народен театарсо  претставата „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.

Во претставата учествуваат петнаесет млади танчари од Кина, кореографијата е со потпис на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, а костимите се на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за Инкубатор младите уметници, кои годинава во голем број учествуваа во програмата преку три уметнички категории – музика, современ танц и визуелни уметности.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.