Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, вечрва на сцената на Македонската опера и балет.
Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија. Музиката е на Николај Римски Корсаков.
Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.
Вечерва (24)април од 20 часот МОБ!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.