Волшебната приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу, вечерва (24.12.2024) на сцената на Националната опера и балет (МОБ) во 20.00 часот.
Претставата „Дон Кихот” изобилува со виртуозни изведби! Улогите на Китри и Базил бараат исклучителни танцувачки вештини, а балетските уметници изведуваат сложени движења кои одземаат здив!
Музиката на Лудвиг Минкус има возбудлив ритам и со тоа ја прави балетската претстава „Дон Кихот“ интересна за сите возрасти.
ДОН КИХОТ
(балетска претстава)
20.12.2024- 20.00 часот
Диригент: Едуард Амбарцумјан (Ерменија)
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Репетитори: Кире Павлов, Володомир Борисов (Украина), Марија Јосифовска Ристовска, Дафина Данилоска- Кочевска, Саша Евтимова
Корепетитори: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Инспициенти: Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска Георгиева
Настапуваат:
Китри: Христина Наќевска Митрашиновиќ
Базил: Балаж Лочеи (Унгарија)
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл,
оркестарот на Националната опера и балет и деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“.
ДОН КИХОТ / DON QUIXOTE
Билети:
Билетарница:078 426 536 ; 02 3118 451
https://t.ly/DonQuixote2412
Фотографии од генералната проба: Марко Угарковиќ