Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 20 и 21 јануари 2023 со почеток во 20.00 часот.
Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.
Настапуваат: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевск, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
На 20 и 21 јануари ќе се прикажува балетот “Пепелашка”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.