11.4.2024- 20.00 часот
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ ќе го отвори jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024.
Атрактивната балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, кореографијата и режијата се на Олга Панго. Либрето и драматургија: Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло- Милчо Александров, а дизајн на шминкa- Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи (Унгарија)Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).
Билети:
Билетарница:078 426 536 и 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk