„Операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов. Тогаш, состојбата на човековиот дух преминува во друга димензија, во која моќта на оперската уметност може негативната енергија да ја трансформира во позитивна, невозможното да го претвори во возможно и апстрактното да го направи конкретно. Едноставно, да ја промени реалноста. Посакувам во иднина, оперската уметност како производ на творечката имагинација на голем број великани од музичката историја и современост, преку изведбите во живо на актуелните уметници, но и преку снимените аудио и видео изданија на сите оние кои ги овековечиле своите интерпретации, уште повеќе и многу посилно да допира до човековото срце и што подлабоко да продира во човековата душа“, вели во пораката Ефтимова.
Коавторот и уредник на текстот за примадоната Ефтимова е Александар Трајковски, кој меѓудругото напишал дека таа е внука на македонскиот револуционер, комита и радовишки околиски војвода на МРО Петруш Поплазаров. Нејзината мајка Катерина е ќерка на војводата.
Дел од биографијата на Ефмова– Во мај 1961, како член и солист на Хорот на Словенечката филхармонија настапила во Виена под диригентство на Ловро фон Матачиќ, изведувајќи повеќе солистички делници. Матачиќ самоиницијативно работел со Милка врз партитурата на Кармен, толкувајќи низа музички и психолошки детали за овој лик. Непосредно по концертот во Виена тој ѝ понудил ангажман со операта „Кармен“ во Франкфурт, со убедување дека во кусо време и претстои блескава кариера. Бидејќи Милка била стипендист на скопската опера, во налет на чуства на одговорност и на инсистирање на Тодор Скалоски и на Петре Богданов-Кочко, есента во 1961 станала солист на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје.
Годинава по повод 25 октомври ,Светскиот ден на Операта таа пороача од Македонија на светот:„Операта, едноставно, може да ја промени реалноста“