Оливера Јовановска промовираше четири свои книги

smart
Скопје, 13 јуни 2022
Во Друштвото на писатели, денеска беа промовирани четири книги, со потпис на Оливера Јовановска: “Одмрзнати чувства”, “Неостварена љубов”, “Магични љубовни зборови”, “Лавиринт на вистината”.
Последниот роман “Лавиринт на вистината” е преведен на македонски, англиски и албански јазик.
Промотори беа познатата радио спикерка Лилјана Стоилковска и професор Васил Тоциновски.
Авторката е по потекло од Битола, но од 1986 години живее во Мелбурн.
Награди има освоено на конкурсот за Прличев  награда на МЛД “Григор Прличев” од Сиднеј, а во 2021 е наградена на поетскиот конкурс “Сплоти се Македонијо”.
Нејзини стихови се претворени и во фолк песни, а промоцијата денес заврши со емитување на песната со нејзини стихови, која на Гоце фест 2022 ја испеал нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.