Охридско лето-Вечерва во рамки на драмската програма гостување на Народниот театар од Битола

 

Народен театар Битола ja носи на „Охридско лето“ театарската претстава „Бакхи- Краток преглед на распадот“  по Бакхи од Еврипид, а во режија  на Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Според режисерот Игор Вук Торбица, меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но, како што вели,  можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание, моќта на раскажување приказни.

Во претставата играат Маја Андоновска – Илијевски,Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска – Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазиа Христовска.

 

Драматургијата е на Билјана Крајчевска, сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите се на Благој Мицевски. Автор на музиката во драмата е Александар Димовски.

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.