Охридско лето -Духовна релаксација и емотивни бранувања на концертот на грчката гитаристка Елена Папандреу

Елена Папандреу, една од големите грчки гитаристки со меѓународна кариера, синоќа приреди романтична вечер на фестивалот „Охридско лето“. Инструменталниот виртуозитет и нагласените емотивни бранувања создадоа амбиент на духовна релаксација кај публиката која ја награди оваа голема уметница со стоечки овации.

Папандреу изведе дела од Манос Хаџодакис, Роланд Дајенс и Ариел Рамирез  од кои најголемиот дел се аранжирани од Роланд Дајенс и Орестис Калампаликис и и’ се посветени токму неа.

Елена Папандреу свири на гитара што е направена Игнасио Флета, еден од најголемите шпански изработувачи на жичани инструменти.

-Да, свирам на гитара што е направена од Игнасио Флета. Таа припаѓа на мојот сопруг Оскар, но тој неодамна се одлучи да ми ја подари мене и сум многу среќна заради тоа, додаде Папандреу.

Нејзината музичка кариера е многу богата. Настапува најпрестижните концертни подиуми во повеќе од 40 земји во светот. Соработува со признати музичари меѓу кои гитаристите: Оскар Гилиа, Алирио Дијаз, Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Евангелос Будунис, виолинистот Леонидас Кавакос и виолончелистот Леонид Горохов.  Настапува како солист со оркестри во Грција, Италија, Романија, Турција, Мексико и Сингапур.Елена Папандреу е професор на универзитетот во Солун, Грција.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.