“Охридски поетски бисер Охрид 2024”, прекрасна дружба со многу поезија и награди

Уште една успешно завршена меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер Охрид 2024″ која се одржа во предворјето на црквата Пресвета Богородица Перивлепта каде што зедоа учество повеќе домашни и странски автори.

Во мноштвото бисер- поетски стихови од врвни пишувачи, на ова деветто по ред издание на манифестацијата, доделени беа и награди.

Прва награда освои Елизабета Бандиловска со песната “Гулабица” (на фотосот).

Втора награда Адем Абдулаху со “Сега слободно можете да не ме сакате”

И трета награда Верче Искова со “Дијапозитив”.

Во категорија “Млади автори” првата награда ја делеа Константина и Љубица Андонови со творбите “Татковина” и “Среќа е да се сподели”

Второнаградена беше Вероника Саздовска со “Компасот на нашата љубов”.

Третата награда ја прими Никола Митовски со “Љубовта низ вековите”.

Имаше награди и за авторите од странство:

Прва награда беше додел на Дамир Марас за “Добро дошла моја љубави”, втора на Весна Стојкоска за “Бурно Езеро”, и, трета на Виолета Пениќ за творбата”За песником се не плаче”.

Од дијаспората беше наградена Ангелина Бачева Орбовиќ за песната “Живеам”.

Награда за животно дело му беше доделена на Паско Кузман и на Виктор Шеќеровски.

Организацискиот одбор на”Охридски поетски бисер Охрид” упати најискрени честитки на наградените, како и на сите останати учесници на поетската манифестација кои што со нивното присуство ја збогатија истата.

Догодина следува јубилејното десетто издание.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.