Скопје, 10.01.2023
„Македоника литера“ неодамна ги публикуваше „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома од авторите Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи.
Двата тома даваат сеопфатен преглед на терминологијата во кинеската традиционална медицина. Дефинирани се и објаснети најзначајните концепти во кинеската традиционална медицина. Основните термини се однесуваат на мислата и културата на кинеската традиционална медицина, главно поврзана со есен¬¬цијата, ќи, теоријата на јин и јанг, петте елементи, висцералното манифестирање, мери¬дија¬ни¬те, етиологијата, патогенезата и терапевтските принци¬пи и методи.
Денес кинеската традиционална медицина е најсеопфатниот и најшироко користениот традиционален медицински систем во светот, со најдолга историја, најширо¬ка култура, најпрепознатливи ефекти и најбрз развој.
Кинеска традиционална медицина, е класичен медицински систем со кинески карактеристики кои се непосредно интегрирани со астрономијата, геогра¬фи¬јата и хуманистичките науки. Според традиционалната кинес¬ка култура, класична филозофија и хуманистичка мисла, кинеската традиционална медицина, во комбинација со различните филозофски школи и нивните претставници во периодот од времето пред династијата Ќин, па сè до првите години од династијата Хан, како и теориите и практиките на природните и општествените науки, го сочинува уникатниот теоретски систем, начин на мислење, како и методите на дијагноза и третман.
Како што пишува во предговорот, кинеската традиционална медицина многу ја почитува хармоничната коегзистенција на чове¬кот и приро¬дата. Го истакнува трајното културно наследство, се залага за хармоничен развој меѓу човекот и општеството и отвора широ¬ки перспективи за развој на локалната медици¬на, за културна дисеминација и за напредок на човековата цивилизација. „Кинеската тради¬цио¬нална медицина во Кина е репрезентативна одлика на кинеската цивилизација“, која „предизвикува позитивно влијание на напре¬до¬кот на човеч¬ката цивилизација“, „претста¬вува комбинација од при¬род¬ни и хуманистички науки“ и „ги опфаќа длабоките фило¬зоф¬ски идеи на кинескиот народ.“
Кинеската традиционална медицина е сеопфатeн и широко користен традиционален медицински систем во светот, со долга историја. Се каракте¬ри¬зира со длабока култура, препознатливи ефекти и брз развој. Уште во периодот пред династијата Ќин, кинеската традиционална медицина посте¬пе¬но била воведу¬ва¬на во соседните региони, како што е Корејскиот Полу¬остров. За време на династиите Хан и Танг, била однесена во Јапонија и во југоисточна Азија. По 18 век, таа била вове¬де¬на во Европа, а во средината на 19 век била нашироко распространета. По 70-тите години на 20 век, кинеската традиционална медицина брзо се прошири низ целиот свет, заедно со успехот на акупунк¬турната анестезија, давајќи значителен придонес во развојот на светската медицина и ширењето на кинеската култура. Благодарение на својата напредна теорија, длабоките културни темели, природ¬ната тера¬пија и неверојатната ефикасност, кинеската традиционална медицина опстанала долг период и сè уште има примена во светот.
Четирите класични дела на кинеската традиционална медицина – Внатрешниот медицински канон на Жолтиот Император, Канонот за тешки прашања, Канонот на богот на земјоделството за лековитите мате¬рии, и Трактатот за настинка и разни болести – го претставуваат јадрото на теоријата и методите на кинеската традиционална медицина, но и ја содржат суштината на мислата и на духот на кинеската култура, меѓу кои Внатрешниот медицински канон на Жолтиот Император е најмаркантен пример. Таа го вклу¬чу¬ва речиси секој аспект на природните науки, опште¬стве¬ни¬те науки, како и јазикот и културата на древна Кина.
Во времето на династиите Хан и Танг, будистите од Сију (западните региони) патувале сè до централна Кина за да го промовираат будизмот, додека во времето на династиите Минг и Ќинг, западните мисионери патувале до Кина за да го шират христијанството. И за едни¬те и за другите, медицината била важно средство за придо¬бивање јавна поддршка. Како интегрален дел од тради¬цио¬нал¬ната кинеска култура, кинеската традиционална медицина не само што игра важна улога во придобивањето странска поддршка за стимулирање на глобализирањето на кинеската култура, туку и служи како мост за директно распространување и промовирање на трад謬ционалната кинеска култура.
Една карактеристика на кинескиот медицински третман на пациентите со ковид-19 е комбинирањето на традиционалната кинеска медицина и западната медицина. Западната медицина е ефикасна кога ја дознава причината за болеста, додека традиционалната кинеска медицина има поинаков пристап, односно прифаќа терапија базирана на „испитување на симптомите“ на човечките тела. Кога симптомите се исти, терапијата е иста. Ова е причината зошто традиционалната кинеска медицина ги следи принципите на „третман на различни болести со иста терапија“ и „лекување на иста болест со различни терапии“.
Првиот том содржи 111 а вториот том 110 најважни концепти во традиционалната кинеска медицина и култура.
Преводот од англиски јазик е на Бојана Богдановска и Славчо Пеев.