Објавени се добитниците на државната награда „11 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.
Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.
Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова- Грујовска.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 Октомври– Денот на востанието на македонскиот народ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.