Објавена книгата “Стиховерзум” од авторот и поет Мирослав Трајковски

Во издание на Академска мисла од Скопје, излезе од печат најновото поетско дело со наслов “Стиховерзум” од авторот и поет Мирослав Трајковски.

Стиховерзум е стихозбирка од 60 страни која ја сочинуваат 41 песна. Дизајнот на корицата, како што соопшти издавачкиот центар е дело на Андреј Лазаревски.

Додека рецензијата ја напиша Проф. Д-р Моника Стојанова.

Таа во својот осврт за делото ќе каже:

“И кога секој сегмент, прав, искривен, кршлив или цврст, па макар и оној најмалиот, ќе го заземе своето вистинско место во совршенството од мозаикот, тогаш почнува да се разлева, или уште подобро, да одекнува животворната симфонија, најискрената, најчистата, исконска мелодија која му дава боја на денот и сјај на ноќта.

Една ваква симфонија извира од страниците на новиот поетски запис “Стиховерзум” напишан од перото на авторот Мирослав Трајковски-Мики”.

Делото ќе биде претставено пред публиката и љубителите на убавиот пишан збор со промоција во сабота на 16 Март од 18.00 часот во просториите на Галеријата КО-РА во ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин” во Скопје. Модератор на настанот е професор Елеонора Николовска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.