Скопје, 22.01.2024
„Македоника литера“ неодамна ја објави книгата „Мал историски калеидоскоп“ од Невен Радически, која претставува збирка од седум текста и два историски документа. Во нив се обработуваат и се разгледуваат различни прашања и теми, претежно поврзани со македонското поблиско историско минато.
Невен Радически (1979) е доктор по историски науки и работи во Институтот за национална историја во Скопје, каде што и магистрирал. Се занимава со проучување на најновиот период од историјата на македонскиот народ, односно на периодот од создавањето на современата македонска држава до нејзиното осамостојување.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.