Објавен романот „Прекачување” на Матеј Хоржава на македонски јазик

Издавачката куќа НОРША ИЗДАВАШТВО ги известува читателите дека излезе од печат најновото издание – романот на Матеј Хоржава „Прекачување”, превод од чешки на македонски јазик на Драган Георгиевски.
Книгата „Прекачување” на македонскиот читател му ја претставува Грузија заедно со обичаите и секојдневието на грузискиот народ, кој иако навидум изгледа далечен, сепак по многу нешта наликува на македонскиот народ. Претставувајќи го и специфичното грузиско писмо, сметаме дека книгата ќе стане вреден дел од сечија домашна библиотека. Авторот Хоржава не ѝ е непознат на македонската публика, затоа што неговиот роман „Ракија” е издаден на македонски јазик во превод на истиот преведувач.
Издавачката куќа НОРША ИЗДАВАШТВО е млада издавачка куќа основана во „коронската” 2019 година која се труди да го промени светот со своите изданија на главно преводна литература. Една од замислите што ја прави НОРША посебна е што преведувачот го добива своето заслужено место на корицата како втор автор на делото, што е новина на нашите простори. Досега НОРША ИЗДАВАШТВО ги издаде следните книги: „Горилочувар” од аргентинскиот автор Роберто Арлт – збирка раскази за Африка и Истокот, „Тивко врескај, братче” од чешката писателка Ивона Бжезинова – роман за аутизмот во сите негови бои и „Сестра Смрт” од чешкиот писател Даниел Петр – детективски роман според вистински настан. Издавачката куќа планира во текот на 2022 година да се претстави со нови изданија меѓу кои ќе се најдат и преводи од словачки и бугарски јазик

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.