Балетот при Македонската опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2019/2020 со премиера на претставите „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“. Двете балетски претстави се специјално подготвени од унгарскиот кореограф Габор Кевехази по повод 70-годишниот јубилеј на македонскиот балетски ансамбл.
„Валпургиска ноќ“ е дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно и е избрана за овој повод зашто во 1949 година токму со таа премиера во кореографија на Ѓорѓи Македонски се институционализира и почнува развојот на македонскиот балет. Овојпат „Валпургиска ноќ“ е современа постановка од 20-ина минути која ќе биде комбинирана со 50-минутна изведба на „Кармен“ од Жорж Бизе и Родион Шчедрин.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.