„Ноќите во бел сатен“ во Гевгелија

Утре (17 декември, 2022 година), со почеток во 19 часот, во Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, ќе гостува театарската група
при ЈОУ Дом на култура „Мирка Гинова“ од Демир Капија со театарската комедија „Ноќите во бел сатен“. Билетите за
претставата чинат 100 денари.
Претставата е во режија на Томе Арсовски, а улогите ги толкуваат: Дарко Сакалиев, Крсте Мелов, Томе Атанасов, Анита Младеновиќ и Димче Бањански.
Инаку, „Ноќите во бел сатен“, драмски текст на Братислав Димитров, е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.