Ноември е за европски филм- следува 18- ти CINEDAYS

Oд 7 до 15 ноември 2019 година, во организација на Младинскиот културен центар ќе се одржи полнолетното, осумнаесетто издание на МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ – CINEDAYS, кое има и специјален“Off CINEDAYS” настан, кој е закажан за 16 ноември.

Година, CINEDAYS се приклучува кон светската прослава на 50 години од првото емитување на комичната серија “Monty Python’s Flying Circus” на BBC1 во далечната 1969, која колективот денес ја презема како годишнина од формирањето на групата со низа специјални појавувања, настани, филмски проекции низ Британија и Европа.

Со овој  CINEDAYS, со специјални проекции на нивните пет филмски остварувања (“And now for something completely different”, “The Meaning of Life”, “Live at the Hollywood Bowl”, “Monty Python and the Holy Grail”,како и “Life of Brian”), стануваме дел од овој јубилеј, сметајќи дека впрочем и никогаш  не сме излегле од нивните комични и сатирични погледи на светот и политиката. Како специјален гостин во рамките на оваа програма е продуцентот Стив Абот, нивни долгогодишен соработник и продуцент на нивните филмски остварувања кому на CINEDAYS ќе му биде врачена наградата за Животно дело за неговата работа со Монти Пајтон. Покрај истото, Г. Абот ќе има и свој Мастерклас за пошироката јавност и филмската публика.

За прв пат оваа година, се воведува нова награда за најдобра филмска музика на авторски филм, каде што жирито во состав: Александар Пејовски, композитор, Дарија Андовска, композитор, пијанист и музички автор, како и Влатко Галевски, филмски критичар, ќе одлучи за најдобрата музика на филм од компетитивните селекции.

Отворањето на фестивалот е со премиерата на филмот „Ефектот на среќа“ворежијанаБорјан Зафировски. Затворањето го закажавме со проекција на филмот “Beyond the Horizon” во режија на швајцарската режисерка Delphine Lehericey, филм,кој е снименкакомакедонско–швајцарска копродукција, каде што малцински продуцент од Македонија е Кино Око на продуцентот Роберт Насков, а во филмот главната улога ја толкува познатата француска актерка Летиција Каста.

ГАЛА проекциите во вообичаениот состав: најдоброто и најнаградуваното од Европа: последното остварување на омилениот скопски режисер Jim Jarmuschи “The Dead Don’t Lie”, “Rainy Day in NY” на вториот омилен – Вуди Ален, Bong Joon-ho и неговиот кански победник “Parasite”, Ken Loach со “Sorry We Missed You”, Francois Ozonи “By the Grace of God”, “Wasp Network” во режија на Olivier Assayas, “The Golden Glove” на Fatih Akin, “An Officer and a Spy” на Роман Полански, “Young Ahmed” наDardenne brothers, “Тhe Truth” на HirokazuKore-Eda, “Pain and Glory” во режија на Алмодовар, берлинскиотпобедник “Synonyms” во режија на израелецотНадавЛапид и многу многу други.

Македонија  во ЕУ програмата традиционално ги прикажува најновите европски филмски остварувања во кои македонски продукциски куќи учествуваат како малцински продуценти, а тука ќе бидат прикажани најновото остварување на Дамјан Козоле, „Полусестра“, каде што малцински мк продуцент се „Сестри и брат Митевски“, „Глас“ во режија на Огнен Свиличиќ, каде што продуценти од Македонија се „Скопје филм студио“, „Покрај маглата“ во режија на Горан Паскаљевиќ на Сектор филм од Скопје и „Пијавици“ во режија на Драган Маринковиќ, каде што малцински продуценти од Македонија се Панк филм.

Фестивалот годинава има поинаква комуникациска стратегија, прес содржините се селатво дигиталниот простор и ќе бидат прикажувани во живо (live stream), со цел покрајновинарите, да ја вклучиме и пошироката јавност, која изминативе години покажа интерес да учествува во нив.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.