Недела на Полски филм во Кинотека (7-23.12.2021)

Од 17 до 23 декември 2021 во Кинотеката ќе се одржи НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ, на која ќе бидат прикажани шест филмови од современата полска кинематографија. Манифестацијата е во организација на Амбасадата на Република Полска и Кинотеката на Македонија, и ќе биде отворена со НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ, филм од 2021 година на Јан Матушински, полски кандидат за наградата Оскар.

Еколошки тероризам обвиткан со мистеријата на трилер-жанрот, воената состојба во Полска во почетокот на осумдесеттите години на минатиот век и бруталниот однос кон неистомислениците на тогашната комунистичка власт, потрагата по Бога на алтернативен начин, предрасудите на црквата, бракот и семејството, сето тоа – со љубовта некаде помеѓу… се темите на шесте наслови на кинотечната програма, кои ветуваат дека ќе допрат до интересите и вкусовите на секој филмофил.

Авторите на филмовите се Агњешка Холанд (Agnieszka Holland)Јан Матушински (Jan P. Matuszynski)Јан Комаса (Jan Komasa)Малгоржата Шумовска (Malgorzata Szumowska)Марија Садовска (Maria Sadowska) и Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski), и ако се земе предвид периодот во кој се продуцирани нивните филмови – последниве пет години – тогаш претставувањето на современата полска кинематографија, во овој случај, е повеќе од репрезентативно.

Наградите кои ги имаат добиено овие наслови на филмските фестивали во светот се изразени во троцифрени бројки. Три од авторите во оваа репрезентативна селекција се жени, но филмовите на Холанд, Шумовска и Садовска докажуваат дека ним воопшто не им е потребна некоја политика на родова еднаквост, бидејќи квалитетот на нивните дела говори повеќе од сите стратегии.

Во изборот на оваа НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ се ТРАГИ (Spoor/Pokot) на Агњешка Холанд, НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ (Zeby nie bylo sladów / Leave No Traces) на Јан МатушинскиТЕЛО ХРИСТОВО (Boze Cialo / Corpus Christi) на Јан КомасаОБЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА (Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love) на Томаш Василевски, УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА: ПРИКАЗНА ЗА МИХАЛИНА ВИСЛОЦКА (Sztuka kochania: Historia Michaliny Wislockiej / The Art of Loving: Story of Michalina Wislocka) на Марија Садовска и ЛИЦЕ (Twarz / Mug) на Малгоржата Шумовска.

 

17 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

18 ДЕКЕМВРИ (САБОТА), 17:00 ч.

НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ

(Zeby nie bylo sladów / Leave No Traces)

Игран филм, Полска / Чешка / Франција

2021, 160 мин., колор, ДЦП

Режија: Јан Матушински (Jan P. Matuszynski)

Сценарио: Каја Кравчек-Внук, Цезаре Лазаревич (Kaja Krawczyk-Wnuk, Cezary Lazarewicz)

Улоги: Томаш Жетек, Сандра Коржењак, Јацек Брачак (Tomasz ZietekSandra KorzeniakJacek Braciak)

Полска во 1983 година, во ерата воената состојба која ја воведуваат комунистичките власти за да ја сузбијат активноста на движењето Солидарност. На 12 мај, студентот Гжегож Пжемик, син на опозициската поетеса Барбара Садовска, е уапсен и брутално претепан од полициска патрола. Пжемик умира по два дена агонија.

Единствен сведок на смртоносното тепање е еден од колегите на Гжегож, Јурек Попиел, кој решава да се бори за правда и да сведочи против полицијата. Првично, државниот апарат и полицијата го минимизира случајот. Меѓутоа, кога над 20 илјади луѓе ќе маршираат низ улиците на Варшава зад ковчегот на Пжемик, властите одлучуваат да употребат секакви алатки против сведокот и мајката на починатиот за да ги дискредитираат и да го спречат Јурек да сведочи на суд.

Филмот на Матушински беше во конкуренција на престижното Биенале во Венеција 2021, победи на фестивалот во Котбус (Германија), доминираше на националниот полски филмски фестивал и беше дел од конкуренцијата на фестивалите во Хаифа (Израел) и Лисабон (Португалија). НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГИ е полски кандидат за наградата Оскар 2022 година.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

18 ДЕКЕМВРИ (САБОТА), 21:00 ч.

19 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА), 18:00 ч.

УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА: ПРИКАЗНА ЗА МИХАЛИНА ВИСЛОЦКА

(Sztuka kochania: Historia Michaliny Wislockiej The Art of Loving: Story of Michalina Wislocka)

Игран филм, Полска

2017, 121 мин., колор, ДЦП

Режија: Марија Садовска (Maria Sadowska)

Сценарио: Кшиштоф Бернас, Блажеј Џиковски, Доминика Хилшчанска (Krzysztof Bernas, Blazej Dzikowski, Dominika Hilszczanska)

Улоги: Магдалена Бочарска, Томаш Кот, Пјотр Адамчек, Kаролина Грушка (Magdalena BoczarskaTomasz KotPiotr AdamczykKarolina Gruszka)

Биографска сторија за Михалина Вислоцка (1921-2005), најпознатиот и најпризнат гинеколог и сексолог во Полска во комунистичката ера по Втората светска војна, која се бори за правото да ја објави својата книга, која засекогаш ќе го промени сексуалниот живот на Полјаците.

Вислоцка ја напишала книгата „Уметност на љубовта“ („Sztuka kochania“ на полски, „A Practical Guide to Marital Bliss“ на англиски) и станала мегапопуларна, со 7 милиони продадени примероци, и веројатно уште неколку пати повеќе пиратски копии. Нејзината книга се смета за прв водич за сексуалниот живот во една комунистичка земја. Во книгата, Вислоцка ги елаборира методите на контрацепција, дава список на сексуални пози и игри, приложува историски текстови за љубовен дијалог, како и за методи на задоволување на сексуалните потреби кај осамените луѓе. Авторката зборува и за љубовта и потребата да се разбере друго човечко суштество.

Во филмот ја следиме Михалина (ја толкува Магдалена Бочарска) и нејзината борба да ја објави книгата и покрај обидите на полската влада да ја цензурира и замолчи. Ја нарекуваат луда, но сите притисоци само ја тераат да се труди повеќе. Таа е виор кога ги отвора вратите и ги соочува луѓето со сопствената тупавост што ги шокира до срж. Одбива да го жртвува својот интегритет, бидејќи има децениско искуство и ги видела последиците од лошото сексуално образование – жени кои умираат од неуспешни, нелегални абортуси, бракови растргнати од неверство и незадоволство и земја полна со мизерни луѓе кои се чини дека не можат да најдат начин да зборуваат за нешто што сите го прават. Филмот го портретира и распаѓањето на нејзиниот сопствен брак и семејство, но Михалина е издржлива: таа опстојува и продолжува да работи, бидејќи се грижи за жените и сака да им помогне...

Филмот на Садовска освои десетина номинации и награди на фестивали во Полска и САД.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

19 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

20 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

ЛИЦЕ

(Twarz / Mug)

Игран филм, Полска

2018, 91 мин., колор, ДЦП

Режија: Малгоржата Шумовска (Malgorzata Szumowska)

Сценарио: Михал Енглерт, Малгоржата Шумовска (Michal Englert, Malgorzata Szumowska)

Улоги: Матеуш Кошчукевич, Агњешка Подшадлик, Малгоржата Горол (Mateusz KosciukiewiczAgnieszka PodsiadlikMalgorzata Gorol)

Дејството во филмотделумно работен според вистинска приказна, е сместено во мал град во Полска. На 6 ноември 2010 годинаво Швибоџин, западна Полска, е откриена највисоката статуа на Христос во светот, висока 36 метри без постаментотА во 2013 година, пак, 33-годишен маж  жртва на несреќа на работното место, е подложен на првата трансплантација на лице извршена во Полска... Филмот ЛИЦЕ ги спојува овие два неформални факти во една приказна: главниот лик во трагикомедијата од полската режисерка Шумовска е Јацек, кој слуша хевиметал музика и ја сака својата девојка и кучето. За неговото семејство, како и за повеќето сограѓани, Јацек е „чуден“. Тој работи на конструкција која треба да стане најголемата статуа на Исус во светот. Кога во една тешка несреќа потполно ќе му биде уништено лицето, Јацек е подложен на првата трансплатација на лице во земјата.

Сторијата за човекот кој се соочува со предрасудите на околината по трансплантацијата на лицето, ја освои „Сребрената мечка“ на Берлиналето 2018 година, и имаше забележително учество на десетина филмски фестивали во светот.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

 

20 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

22 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА

(Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love)

Игран филм, Полска / Шведска

2016, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski)

Сценарио: Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski)

Улоги: Јулија Кијовска, Нагдалена Челецка, Дорота Колак, Марта Нерадкиевич (Julia Kijowska, Magdalena Cielecka, Dorota Kolak, Marta Nieradkiewicz)

Во еуфоричната атмосфера на посткомунистичка Полска од раните 1990-ти, кратко време по падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот Сојуз, четири жени доживуваат сосема поинаква реалност. Тие тонат во сè подлабок очај.

Агата, млада мажена мајка, се наоѓа себеси обземена од несреќниот брак и со опсесивен занес за недостижен маж. Иза е директорка на училиште и е вљубена во таткото на нејзин ученик, но отфрлена од негоСестрата на Иза, Марзена, некогашна победничка на изборот за убавина во 1986 година и актуелна инструкторка по аеробик, страда од долгото отсуство на нејзиниот сопруг кој работи во Германија. Слично на тоа, Рената, повлечена средовечна професорка, наоѓа утеха во нејзините распеани птици и тивок копнеж по недостижниот предмет на нејзината желба: нејзиниот сосед од соседството.

За жал, додека квартетот жени е во потрага по чиста и интензивна страст на сите можни погрешни места, продорната тага на невозвратената љубов и непрекинатата болка на горчливита опсесии, линеарно ги поврзуваат. Дали болката постои во Соединетите Држави на Љубовта?

СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА на Василевски забележа десеттина номинации за награди на светските фестивали, а ја освои „Сребрената мечка“ на Берлинале 2016 за најдобро сценарио и освои најмногу награди на националниот Полски филмски фестивал.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

22 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

23 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ТЕЛО ХРИСТОВО

(Boze Cialo / Corpus Christi)

Игран филм, Полска / Франција

2019115 мин., колор, ДЦП

Режија: Јан Комаса (Jan Komasa)

Сценарио: Матеуш Пацевич (Mateusz Pacewicz)

Улоги: Бартош Беленија, Елиза Рицембел, Александра Коњечна, Томаш Жетек (Bartosz Bielenia, Eliza Rycembel, Aleksandra Konieczna, Tomasz Ziętek)

Сторијата на ТЕЛО ХРИСТОВО ја носи главниот јунак Даниел (Беленија), 20 годишно момче кое доживува духовна трансформација додека престојува во поправен дом. Злосторството кое го сторил го спречува да пристапи кон формалното, институционално изучување на христијанството во богословското училиште и да стане свештеник, но Даниел не се откажува од својот сон. Тој заминува во едно мало гратче, каде што работи во пиланата и се обидува да стане парохиски поп, без разлика што приватно ужива во техно-музика, секс и по малку дрога. Всушност, Даниел ги лаже мештаните дека тој е новиот свештеник, а бидејќи нема богословско образование, проповедите ги подготвува пребарувајќи по интернет. Но, кога ги открива мрачните тајни на мештаните поврзани со една трагедија, ситуацијата во селото станува напната.

Емотивната приказна на ТЕЛО ХРИСТОВО е базирана на вистинска случка, која ја тестира позицијата на црквата и религијата во современото полско и европско општество.

ТЕЛО ХРИСТОВО освои педесеттина награди на светските фестивали, беше номиниран за наградите на Европската филмска академија „Феликс“ и Американската филмска академија, „Оскар“ 2020 година во категоријата за најдобар странски филм. ТЕЛОТО ХРИСТОВО беше во конкуренција со МЕДЕНА ЗЕМЈА на Љубомир Стефанов и Тамата Котевска, и јужнокорејскиот ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо, кој беше севкупен победник на Оскарите. Годинава е еден од трите кандидати за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент. Филмот на Беленија беше кино-хит во Полска, со речиси 1,5 милион гледачи.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

 

23 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

24 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

ТРАГИ

(Spoor / Pokot)

Игран филм, Полска, Чешка, Германија, Шведска, Словачка

2017, 128 мин., колор, ДЦП

Режија: Агњешка Холанд (Agnieszka Holland)

Сценарио: Олга Токарчук, Агњешка Холанд (Olga Tokarczuk, Agnieszka Holland)

Улоги: Агњешка Мандат, Виктор Жборовски, Јакуб Гершал (Agnieszka Mandat, Wiktor Zborowski, Jakub Gierszal)

Душејко, ексцентрична пензионирана градежна инженерка, астролог и вегетаријанка, живее во мало планинско село на чешко-полската граница. Еден ден нејзините сакани кучиња исчезнуваат и Душејко не може никаде да ги најде. Неколку месеци подоцна, во една снежна ноќ, интровертниот сосед на Душејко налетува на мртвото тело на ловокрадец што живее во близина. Неговата смрт е мистериозна. Единствените траги околу телото се оние од копитата на елените Како што одминува времето, се откриваат сè пострашни убиства. Жртвите припаѓале на локалната елита и биле страсни ловци. Душејко се обидува да ги убеди локалните полициски сили дека биле убиени од диви животни. Пронајдено е уште едно тело, а Душејко е главна осомничена, бидејќи таа последна ја видела жртвата. Кога локалната парохија ќе ја зафати пламен, а свештеникот и капеланот на локалното ловечко друштво загинуваат во пожарот, полицијата е речиси сигурна кој го сторил тоа…

ТРАГИ освои десеттина награди и номинации на светските фестивали, меѓу кои и „Сребрената мечка“ на Берлинале, наградата на асоцијацијата на американските критичари и полската национална филмска награда за Холанд, наградата најдобра актерка на фестивалот во Ваљадолид (Шпанија) за Агњешка Мандат, послаката национална награда за најдобар актер за Јакуб Гершал… Кинематограферката Јоланта Дилевска (Jolanta Dylewska) со ТРАГИ беше во конкуренција за награда на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.