Почетна Литература Licentia poetica Напишете песна за “Горда Македонија”

Напишете песна за “Горда Македонија”

81

Интернационалната поетска манифестација “Сплоти се Македонијо” и оваа година ќе се одржи онлајн.

-Конкурсот секогаш го започнуваме на голем православен празник, овојпат решивме да биде 28 август 2024 година, на Голема Богородица. Сите поети и љубители на пишаниот збор можат да се пријават на следниве мејлови [email protected] и [email protected].
Како секоја година така и оваа ќе се обидеме да имаме квалитетна поезија, најавува организаторот Симе Младеновски.


– Сите кои сакаат да учествуваат да испратат само по една песна. Притисок над жири или контакти со жири не се дозволени, ќе следува директна дисквалификација, е дециден во својот концепт.
– Треба да нагласиме и дека плагијати не сакаме, а не признаваме ни препишувачи, бараме само квалитет и иновативност.
Тема годинава ќе биде “Горда Македонија”. Жирито ќе биде во состав: Проф доктор по компаративна книжевност Златко Тимковски од Лос Анџелес, Америка, професор доктор Лидија Биковска од Торонто Канада, Бранко Николовски познат текстописец од Скопје и Симе Младеновски, организатор продуцент, овој пат задолжен и за детската поезија.

Ќе има три групи- македонска, дијаспора и детската група.
Ексклузивен медиумски спонзор “Лица и дела” од ТВ Сонце, Радио Брич од Сиднеј, “Добро утро Македонијо” Мелбурн, 2ХХ ФМ  Радио Канбера, Радио Македонски глас, Тв Озимак Нов Зеланд, Тв портал.
Ќе се доделат Гран при, прва, втора и трета награда во сите категории и награди за најпатриотска песна.
Конкурсот почнува на 28 август.
-Ајде Македонци да се сплотиме преку убавиот пишан збор, апелира организаторот.

metropolis-big