На 18.април (четврток) со почеток од 19 часот на Булеварот на книгите (Климент Охридски бр.23) ќе биде промовиран деби-романот на Илија Каров „Приказната за човекот што ги прекрши сите ветувања“.
Илија Каров, по професија е режисер и сценарист, но ова прво литературно дело веќе го назначува како автор во областа на литературата-романистиката.
Каров во своето дело се втурнува во животната приказна за Бојан, или поточно речено, научниот експеримент „Адам 01“, кој на прв план ги поставува незгодните суштествени прашања: која е вистинската одлука кога човекот влегува во божјиот ресор и е создател на една нова, чиста и супериорна форма на живот – и што да прави кога тој „над-човек“ воедно се претвора во блудниот син што престанува да ги следи изричитите наредби на својот „татко “ и тргнува по свој сопствен пат на
себеспознание?
Во прекрасно излеано темпо, авторот го претставува влијанието што опасниот и навидум грд надворешен свет го има врз Бојан. Неговата потрага по одговори, исклучителна наивност и чисто срце, го одведуваат на едно осознавачко патешествие низ прекрасно опишаните предели на Скопје – кадешто тој ја сретнува својата прва искрена љубовно во исто време ја вкусува горчината на измамата и предавството…
И пред да биде промовирано пред пошироката јавност, делото е по се изгледа длабоко психолошка опишана драма, која се втурнала во непознатите за мноумина од нас, делови на опстојувањето и постоењето.
Четврток, 18. април, Клуб Матица од 19 часот!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.