Во рамки на Саемот на книгата во Скопје денеска (12.09.2021) се одржа промоција на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска. Промотор на делото беше писателот Стефан Марковски.
„Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе, талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа.
Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани како голема и мала премиса.
Во романот во фокусот е главниот лик – сликарката Калина чија внатрешна окупираност од сликата што ја осмислува цели три години влијае врз нејзината сегашност низ која се провира гласот на гавранот на Едгар Алан По. Појавувањето на гавранот на По е еден вид патоказ за нејзиниот пат низ равенката на пат да стане равенство.
Она што го доближува овој роман до самата реалност, до животните премиси и до самото човечко себеспознание се прашањата што се разјаснуваат преку исчитувањето на овој роман и тоа како да се стигне до целта, која таа и да е, преку филозофијата или уметноста? Колку љубовта влијае врз нашиот живот? Колку животот нè учи на надеж? Дали има нешто што вечно сјае? И можно ли е тоа?
Верица Мукоска (1999, Вевчани) дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Го објавила романот „Дневникот на длабоките тајни“ (2017) и стихозбирката „Стихови од срцето на природата“ (2009). Присутна е со есеи и прилози во книжевната периодика.
Почетна КУЛТУРА Литература На Саемот на книгата промовиран романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска
На Саемот на книгата промовиран романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.