На денешен ден пред 85 години излезе “Бели мугри” од Кочо Рацин 

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Бели мугри“– збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор, во близината на Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година. Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци.

Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавил под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката била дистрибуирана низ целата тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнала голем успех.

„Бели мугри“

Корицата на првото издание на збирката.

Автор: Коста Солев

Земја: Загреб, Кралство Југославија

Јазик: македонски

Жанр: поезија

Издадена: 1939 година

Медиум: печатено издание

Страници: 31

Македонски народно-ослободителни песни

 

Осврт кон делото

 

Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен- пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви. „Бели мугри“ била создадена под влијание на народната поезија, како и на „Зборникот“ од браќата Миладиновци. Највпечатливи мотиви во Рациновите песни се: аргатската мака („Денови“ и „Селска мака“), социјално-класната неправда („Тутуноберачите“), револуционерен повик („Копачите“), патриотски мотиви („Елегии за тебе“, „Утрото над нас“ и „Татунчо“), жал за пропаднатите занаети („На Струга дуќан да имам“) и печалбарската тага („Проштавање“).

Збирката претставува извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на Рациновото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој бил забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинството што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за благороден културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отворил пат на современата македонска книжевност и така Кочо Рацин станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

 

Содржина

 

Стихозбирката содржи 12 песни:

 

Денови

Печал

Селска мака

Тутуноберачите

Ленка

Проштавање

Балада за непознатиот

Елегии за тебе

Утрото над нас

Татунчо

На Струга дуќан да имам

Копачите

Изданија

уреди

 

„Бели мугри“ (фототипско издание на „Кочо Рацин“, 1963).

По Втората светска војна, збирката „Бели мугри“ доживеала повеќе изданија.

Во 1963 година, по повод 20-годишнината од смртта на Рацин, издавачката куќа „Кочо Рацин“ го објавила фототипското издание на „Бели мугри“. Книгата е испечатена во мај 1963 година, во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во тираж од 8 000 примероци. Автор на корицата е Коста Бојаџиевски. Книгата не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.

Во 2018 година, збирката била објавена од издавачката куќа Арс ламина публикации, Либи од Скопје во рамки на едицијата „Лектири“ (како лектира за деветто одделение во основните училишта). Книгата, со обем од 64 страници и со димензии од 21 сантиметри, била испечатена во „Бранко Гапо – графичко производство“ во Скопје, во тираж од две илјади примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-259-157-5.

Според издвачот „Бук рајот“ (Book riot) „Бели мугри“ е книга на македонски јазик преведена на најмногу странски јазици – над 13.

Награда „Бели мугри“

Во чест на збирката, почнувајќи од 2009 година, Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје ја доделува наградата „Бели мугри“ за најдобар необјавен поетски ракопис на автор до 35-годишна возраст. Меѓу добитниците на оваа награда се некои од позначајните поети од помладите генерации на современата македонска поезија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.