11.11.2023 – 20.00 часот
Диригент: Иван Еминовиќ; Режисер: Ренато Бонајуто (Италија)
Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи гостинката од Србија, сопранот Сања Керкез, Благој Нацоски ќе настапи како Исмаил, Ирена Кавкалевска ќе ја игра Фенена, а во улогата на Захарие ќе настапи Игор Дурловски. Во останатите улоги ќе настапат Борко Биџовски, Ана Ројдева Талевска, Дејан Стоев, хорот, оркестарот, женскиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“.
Инфо за авторската и солистичката екипа, во описот на настанот и на: www.operabalet.mk
„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет.
Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull’ali dorate“ („Летај на златести крилја”).
Билети на билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk