Заврши проектот “Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“  

Проектот “Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“, е одобрен од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес во културата за 2024 година, чиј носител на овој проект е Библиотекарското здружение на Република С. Македонија и автор м-р Маја Трајковиќ.

Проектот беше остварување на книжевни интерактивни работилници со читање и пишување во пет града во Република С. Македонија со ученици од основните училишта, но беа одржани во јавните простори на јавните и градските библиотеки, како и во центрите за култура.

Работилниците се одржаа во Центар за култура “Билјана Беличанец”- Кисела Вода- Скопје, Центар за култура- Градска библиотека- Гостивар, ЈОУ Библиотека “Искра”- Кочани, ООУ “Никола Карев”- Кочани, НУ Библиотека “Григор Прличев”- Oхрид и НУ Универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски”- Битола.

Сите учесници беа сертифицирани од Библиотекарското здружение на Република С. Македонија, поточно беа доделени сертификати на сто и шеесет (160) учесници.

Проектот,, Како се создава книга и сега се чита“ е одобрен од општина Кисела Вода(сектор за култура) како проект за поддршка за афирмација во културата за 2024 година, во кој сите основни училишни библиотеки заедно со своите четириесет и пет( 45) ученици од училиштата ООУ “Невена Георгиева- Дуња”, ООУ “Климент Охридски”, ООУ “Рајко Жинзифов”, ООУ,, Кирил Пејчиновиќ”, ООУ “Кузман Шапкарев”, ООУ “Круме Кепески”, ООУ “Кузман Шапкарев” и ООУ “Партение Зографски” се запознаваа, се дружеа и учеа за книжевни поетски стилови, како и ги збогатија своите библиотеки со примероци на е-книгички, три сликовници и анимација во Големата сала на општина Кисела Вода од авторите Маја Трајковиќ и Михаил Трајковиќ со редакција “Датапој’’од Битола.

Со читањето се подобрува успехот кај учениците и воедно се подобрува компетитивноста кај учениците, како и се афирмира работата на училишните библиотекари преку Конкурсот со нивните објавени песни и прозни состави во една брошура на новиот конкурс на тема “Ако го имам единствениот клуч од светот, што би отклучил”, организиран од училишната библиотека при ООУ “Невена Георгиева- Дуња”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.