Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска одржа работен состанок со директорите на институциите кои се под надлежност на Министерството за култура. На состанокот беа отворени повеќе важни прашања поврзани со тековните активности на институциите, за проектите што планираат да ги реализираат до крајот на годината.
Министерката Костадиновска- Стојчевска кажа дека очекува повеќе проекти и посодржајни програми за идната година, за кои ќе продолжи поддршката од страна на Министерството за култура со цел подобрување на видливоста и динамиката на работата на институциите од областа на културата.
Директорите на институциите од областа на културата се осврнаа на досегашната реализација на проектите, но ги посочија и тековните предизвици со кои се соочуваат при работењето. Во таа насока, од страна на министерката за култура беше укажано дека заедно ќе работат за надминување на проблемите, за зајакнување на капацитетите и за подобрување на целокупниот делокруг на работа.
Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска на крајот од средбата кажа дека Владата го препознава и го вреднува придонесот на нашите вработени за културен напредок, како и за заштита и промоција на културното богатство. Таа потенцираше дека по три години, успешно е решено и прашањето за платите на директорите во културата, кои не се зголемуваа, наспроти покачувањето на платите на вработените во секторот во согласност со Колективниот договор за култура.
Од октомвриската плата, директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати од 40 до 50 отсто, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата.
Министерството за култура обезбеди над 37,6 милиони денари за исплата на годишен регрес за годишен одмор за 2023 (К-15) на вработените во националните и локалните установи од областа на културата. Во текот само на оваа година околу 3400 културни работници двапати добија покачување на платите и за првпат К-15, во паричен надомест.
Министерката на работен состанок со директорите на националните установи од културата
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.