„Македонствување“ од Десанка Николова промовирана во Крива Паланка

Поетската збирка “Македонствување” од Десанка Николова беше промовирана во НУ Центар за култура во Крива Паланка на 11 јули 2024 година.

“Македонствување”, како што истакнува авторката, претставува поетски манифест посветен на чување на сѐ што е македонско, македонскиот јазик, македонската култура и традиција, македонскиот идентитет и македонските духовни вредности.

Поетскиот манифест е составен од две стихозбирки -„Грутка во грлото“ и „Мудровезби“, кои претставуваат македонштина исткаена во стихови. Овие дела се 8-ма и 9-та по ред стихозбирка од поетесата Николова.

Промоцијата на „Македонствување“ беше дел од Кривопаланечкото културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.